НОВО ОД КИНЕЗИКА!!!
SHOCKWAVE


SHOCKWAVE THERAPY како решение за болка
Shockwave Претставува неинвазивна метода во современата физиотерапија со примена на радиални Shockwave бранови за рехабилитација на патологии во ортопедија, спортски повреди, воспалителни, дегенеративни заболувања, микроповреди, субакутна и хронична болка. Третман при кој што со само три до четири терапии се решеваат сериозни патолошки и болни состојби и со значително висок процент на успех, некаде околу 80-85% од третираните.
Прилично нова метода за третман, која што се применува од 1980 година, како третман за елиминирање на камења во бубрезите, а од 1990 година и во ортопедија и спортска медицина.
Во Кинезика, Shockwave третманите се изведуваат со еден од најмодерните и најмоќните апарати во светот, на Швајцарскиот производител и глобален лидер за производство на медицинска опрема Storz Medical, единствен од таа класа во Македонија. Нашите Искуства кои што се резултат на стручната и научна работа на компанијата Storz Medical од Швајцарија, дадоа исклучителни резултати во третманите на нашите пациенти кои што кај нас доаѓаат на лекување не само од Скопје и околните градови, но и од градовите од внатрешноста на Македонија, Србија и Косово.
Работиме исклучиво на ниво на европски референци, по научните протоколи на Storz Medical, за што сме и обучени со официјален сертификат за работа.

Повеќе...
НОВ револуционерен апарат во физиотерапијата - TESLA Stym


Функционална магнетна стимулација – FMS кој постигнува јачина на магнетното поле до 2.5 Tesla
  • Функционална магнетна стимулација FMS
  • Нов иновативен третман за намалување на болка
  • Неинвазивен и безболен метод
  • Јачина на магнетно поле од 2.5 Тesla
Повеќе...
ЗДРАВЈЕТО Е УМЕТНОСТА НА ЖИВЕЕЊЕТО
 
ЦЕНТАР ЗА ФИЗИОТЕРАПИЈА КИНЕЗИКА
Вo Кинезика, од 2006 година па до денес, со услех лекуваме:
  • Дископатии
  • Лумбоишиалгии
  • Спондилози
  • Периартрити (болки во рамото)
  • Воспалителни, ревматолошки заболувања и травматски повреди на зглобовите
  • ‘Рбетни деформитети кај деца и возрасни, сколиози, кифози, неправилно држење на телото, рамни стопала
  • Рехабилитација после скршеници на коски, операции на зглобовите
  • Спортски повреди
  • Паркинсонизам
  • Невролошки заболувања, парези, парализи
  • Рехабилитација после мозочен удар
  • Рехабилитација после операции во стомакот и градниот кош
  • Рехабилитација после срцев инфаркт
Центарот за физикална и кинезитерапија Кинезика, се занимава со лекување на заболувања во ортопедија, неврологија, хирургија и други медицински гранки, од воспалителен, дегенеративен и травматски карактер на костно-скелетниот и нервно-мускулниот апарат.

SHOCKWAVE THERAPY како решение за болка

Shockwave Претставува неинвазивна метода во современата физиотерапија со примена на радиални Shockwave бранови за рехабилитација на патологии во ортопедија, спортски повреди, воспалителни, дегенеративни заболувања, микроповреди, субакутна и хронична болка. Третман при кој што со само три до четири терапии се решеваат сериозни патолошки и болни состојби и со значително висок процент на успех, некаде околу 80-85% од третираните.
ПРЕДНОСТИТЕ НА Shockwave Therapy:

  • Клинички е докажано дека стапката на успешност на третманот изнесува над 80%.
  • Shockwave терапија претставува неинвазивно решение за болки во рбетот, рамото, лактот, шаката, колкот, коленото, стопалото, повреди на мускули и тетивите.
  • Shockwave терапија представува современа технологија со научно-медицински докажани ефекти.
  • Без анестезија, без лекарства, без нус појави.
  • Ја подобрува подвижноста и квалитетот на живот
  • Кратко времетраење на третманот и голем број задоволни пациенти

Функционална магнетна стимулација – FMS TESLA Stym

Функционална магнетна стимулација – FMS TESLA Stym претставува револуционерна машина, една од најдобрите во светот за физиотерапија, наменета за третман на болка и патологии поврзани со болка.

  • FMS овозможува стимулирање на структури на длабоки мускули, што не можат да ги достигнат класичните физикални електротерапии.
  • FMS ефикасно го стимулира мускулното ткиво без директен контакт со кожата (третманот може да се извдува и преку облеката, имобилизатори, преврски) .
  • FMS е безболен, неинвазивен метод и затоа е погоден за пациенти каде класичната физикална електротерапија не може да се примени.
  • FMS Апликаторот може да биде прицврстен на телото или терапевтот може да изврши терапија рачно.
  • Рачното движење на апликаторот овозможува лесно пронаоѓање на моторните единици, овозможувајќи ефективна стимулација.
  • Не се познати негативни несакани ефекти во литературата, доколку не се земат во предвид контраиндикациите !!!

Физикална терапија

Физикална терапија представува примена на електрична струја за постигнување тераписко дејство. Примената во медицината ја пронашла со откривањето на позитивниот ефект врз структурите на нервно-мускулниот систем.
Со Физикална терапија постигнуваме топлински ефект кој што делува на проширување на крвните садови, постигнуваме аналгетско дејство преку стимулирање на нервните рецептори кои пренесуваат информација за болка, делуваме на зголемување на мускулнтата маса преку стимулација на оштетените нерви, како и силен противоточен и противвоспалителен ефект.
Во Кинезика, со најсовремени апарати , од електротерапија практикуваме:

  • ласер терапија
  • ултразвук терапија
  • тенс-транскутна електрична нервна стимулација
  • дијадинамски струи
  • галванизација
  • интерферентини струи
  • мускулни стимулации
  • нервни електростимулации

Кинезитерапија

Кинезитерапија (kinesis-движење и therapy-лекување) претставува област од физиотерапијата кој што се занимава со примена на движењата во лекувањето, а целта и е воспоставување на оптимална функционалност на одделните сегменти на телото и на организмот како целина.
Кинезитерапијата како дел од физиотерапијата представува еден од најважните аспекти на медицинската рехабилитација. Кинезитерапијата претставува примена на систематизирани движења на одделните делови на телото или на цело тело во форма на вежби, со цел зачувуање, воспоставување, развивање и компензација на функциите на локомоторниот апарат, како и на органите и органските системи кои се во директна врска со локомоцијата. Целта на кинезитерапијата е максимално искористување на сите потенцијали на пациентот кој што го третираме, со акцент на оптималното возможно опоравување на оштетената функција на локомоторниот апарат.
Кинезитерапијата се практикува скоро во сите обасти на Медицината, кај голем број заболувања и патолошки состојби, но и со превентивна цел. Апсолутни контраиндикации практично нема, а релативни се малку.
Уште поголемо значење кинезитерапијата добива затоа што преку движењето се доведуваат до ангажирање и преку тоа позитивно се делува и на останатите органски системи: кардиоваскуларниот, респираторниот, нервниот, ендокринолошкиот и др.
Затоа денес кинезитерапијата е најважен дел од рехабилитацијата, не само кај повредите на костно-зглобниот апарат, но и кај болести на срцето, крвоносните садови, респираторните болести, невролошките, ендокринолошките и други заболувања.
Тисот во 1981 година напишал: Движењето со своето делување може да го замени секое лекарствено средство, додека ниедно медикаментозно средство не може да го замени благотворниот ефект на движењето.
Правилното планирање, прилагодување на вежбите според проблeмот и можностите на пациентот, како и правилното дозирање на оптоварувањето во третамaнот бара добро познавање на таа наука и затоа многу е важно третманот да го изведуваат терапевти со соодветно образование по кинезитерапија.
Формите на кинезитерапија кои што ги спроведуваме во Кинезика се:

  • терапевтски вежби
  • дишна гимнастика
  • постурална реедукација
  • проприоцептивен тренинг (PNF метод)

Масажа

Масажата претставува метод при кој што механичката енергија се пренесува врз мускулите и сврзните ткива преку кожата и нејзините структури во вид на притисок и системска примена на специјалните методиски зафати и техники.
Специјализирани сме за повеќе видови масажи:

Медицинска акупунктура

Безболен метод, при кој што со помош на тенки, фини игли кои се боцкаат во одредени точки на телото, со голем успех се лекува болката и болните состојби, а истовремено делува и благопријатно и на целиот организам.
Со медицинска акупунктура успешно третираме:

  • болки во грбот
  • болки во зглобовите
  • болки во мускулите
  • мигрена
  • намалена циркулација
  • постоперативна рехабилитација
  • хроничен стрес
  • грчеви во мускулите
  • хроничен умор
  • спортски повреди

Кинезио тејпинг

Чудото од еластични самолепливи траки - Кинезио тејпинг со успех ги третира проблемите на мускулите и зглобовите, но исто така наоѓа широка примена во лекувањето на мигрена, отоци и се користи како превентивна мерка во рекреативното спортување и во професионалниот спорт. Креатор на овој метод е Јапонскиот физиотерапевт Кензо Касе, кој што го поставил темелот уште во седумдесеттите години од минатиот век и кој се до денес, повеќе од 30 години, успешно се усовршува.
При воспаление на мускулот, просторот меѓу кожата и мускулот е намален, што доведува до патолошки промени на фасцијата и е причина за намален проток на лимфната течност. Лимфниот застој врши компресија и ги иритира рецепторите за болка на кожата, кое што води до создавање на локална болка. При аплицирањето на кинезио лента, кожата во локацијата на болката се растегнува и потоа кога повторно ќе се врати во првобитната позиција, заедно со залепената трака, на кожата ќе се направат бранови, т.е кожни набори, фалти. Тоа во основа е и најважниот момент во методиката на кинезио тејпингот. Преку подигањето на кожата се зголемува и просторот помеѓу кожата и мускулот, што придонесува за слободен проток на лимфната течност и лимфен матерјал, така се намалува дразнењето на рецепторите за болка и како резултат на тоа болката се намалува или исчезнува. Овој ефикасен метод на лекување стана составен дел на превентивата или рехабилитацијата на сите светски првенства, Олимписки игри и сите спортски натпреварувања.
Преку стимулирањето на проприорецепторите се постигнува подобро чуство во движењто. Функционалната и механичката корекција создаваат пасивна подпора, а со тоа и подобрување на функцијата на зглобот. За подобар ефект на третманот и за да се избегнат несакани последици од примената на кинезиотејпингот, најдобро е тоа да го практикуваат физиотерапевти кои се сертифицирани за таа метода.
Ефектите на кинезио тејпингот:

  • Подобрување на функцијата на мускулот
  • Подобрување на циркулацијата на лимфо и крвотокот
  • Намалување на болката
  • Потпомагање на функијата на зглобот

Домашна посета

Кинезика организира одржување на рехабилитациони третмани во домашни услови. Во период кога пациентот е во леглото и неможе да доаѓа кај нас, третманите се организираат дома до моментот кога е способен да продолжи со рехабилитацијата во нашиот центар.

Yumeiho масажа

Yumeiho или специјалната јапонска боженствена масажа, која се практикува и во физиотерапијата, представува посебен вид на масажа, каде што се применуваат масажни техники како притискање, гмечење, растривање и удари. Покрај примена на масажните техники, се користат и техники од кинезитерапија за репозиција на сублуксирани зглобови, т.е манипулација на зглобови.
Творец на Yumeiho техниката е Масајуки Сајонџи, јапонски физиотерапевт, кој што во 1978 година ја креирал оваа физиотерапевтска метода.
Основната теорија на Yumeiho се заснова на еквилибриумот на телото, во јапонската терминологија познат под името CHUSHIN SETSU или теорија на ЦЕНТРАЛНАТА ЛИНИЈА. Таа теорија објаснува дека тежината на телото треба подеднакво да биде распоредена на двата долни екстремитети. Главна улога во Yumeiho имаат колковите. По Масајуки Сајонџи 99% од луѓето имаат дислоцирани зглобови на карлицата и колковите. Нивната сублуксација доведува до промена на тежишната линија на телото, што значи и пореметување на идеалната рамнотежа, баланс во оптеретувањето надолните екстремитети, што со текот на времето ќе доведе до сериозни здравствени пореметувања.
Целата на Yumeiho, како физиотерапевтска техника, е да преку примена на масажните зафати, репонирање на сублуксираните зглобови, како и активната кинезитерапија помеѓу третманите, да ја врати тежишната линија во позиција каде што тежината на телото би бика подеднакво распоредена на двата долни екстремитети.
Со примена на Yumeiho се постигнува: намалување на мускулната тензија, омекнување на сврзноткивните структури, подобрување на крвната и лимфната циркулација, како и локален метаболизам, со зголемува обемот на движење на третираните зглобови, општа релаксација на целиот организам.

Методи и средства

Ласертерапија, Ултразвучна терапија, Електротерапија, Инфрацрвена терапија, Медицинска акупунктура, Кинезио тејпинг, Cupping therapy, Yumeiho massage.

Промоции

НОВО ОД КИНЕЗИКА


НОВ револуционерен апарат во физиотерапијата - TESLA Stym
Функционална магнетна стимулација – FMS кој постигнува јачина на магнетното поле до 2.5 Tesla
  • Функционална магнетна стимулација FMS
  • Нов иновативен третман за намалување на болка
  • Неинвазивен и безболен метод
  • Јачина на магнетно поле од 2.5 Тesla
Како магнетното поле активира мускул ?
Брзите промени на интензитетот на магнетното поле предизвикуваат електрична струја во невронот. Овој феномен се нарекува електромагнетна индукција. Штом струјата достигне одредена вредност, се постигнува таканаречен потенцијал за акција на невронот. Тоа предизвикува невронската клетка да се деполаризира, што на крајот доведува до целосна контракција на мускулите.

Кои се предностите наTESLA Stym FMS, функционална магнетна стимулација?
  • FMS овозможува стимулирање на структури на длабоки мускули, што не можат да ги достигнат класичните физикални електротерапии.
  • FMS ефикасно го стимулира мускулното ткиво без директен контакт со кожата (третманот може да се извдува и преку облеката, имобилизатори, преврски) .
  • FMS е безболен, неинвазивен метод и затоа е погоден за пациенти каде класичната физикална електротерапија не може да се примени.
  • FMS Апликаторот може да биде прицврстен на телото или терапевтот може да изврши терапија рачно.
  • Рачното движење на апликаторот овозможува лесно пронаоѓање на моторните единици, овозможувајќи ефективна стимулација.
  • Не се познати негативни несакани ефекти во литературата, доколку не се земат во предвид контраиндикациите !!!
FMS со голем успех ги третира слединте патологии:
  • Мускулно-скелетни пореметувања: дегенеративни (артрози, спондилози), воспалителни (артрит, ревматоиден артрит, тендинити, периартрити, карпал тунел синдром).
  • Заболувања и повредина 'рбетниот столб: акутни болки во пределот на вратот и половината, цервикален брахијалис, спондилоза, лумбаго, лумбоишиалгија, спина бифида, анкилозен спондилитис.
  • Рехабилита цијапосле: фрактура на коски, повреда или операција на зглобовите или мускулите.
  • Повреди и болки во мускулите: спазми и ригидност на мускули, атрофија на мускули, опоравување (recovery) на преморени мускули, анти стрес релаксација на мускулите.
  • Контрола на Акутнаболка
  • Заболувања и поврединанервите: лезии на нерви, невропатии, невралгии, парези и парализи.
  • Генитоуринарни заболувања: простатна болка
  • Спортски повреди
Резулататите од научните студии направени кај пациенти кај кои се применувал третман со FMSTESLA Stym покажуваат дека кај 87% од третираните, на крајот од тераписката програма, симптомите на болка се излечени во целост, додека кај 62% од третираните, симптомите на болка значително се намалуваат после првиот третман
SHOCKWAVE


SHOCKWAVE THERAPY како решение за болка
Shockwave Претставува неинвазивна метода во современата физиотерапија со примена на радиални Shockwave бранови за рехабилитација на патологии во ортопедија, спортски повреди, воспалителни, дегенеративни заболувања, микроповреди, субакутна и хронична болка. Третман при кој што со само три до четири терапии се решеваат сериозни патолошки и болни состојби и со значително висок процент на успех, некаде околу 80-85% од третираните.
Прилично нова метода за третман, која што се применува од 1980 година, како третман за елиминирање на камења во бубрезите, а од 1990 година и во ортопедија и спортска медицина.
Во Кинезика, Shockwave третманите се изведуваат со еден од најмодерните и најмоќните апарати во светот, на Швајцарскиот производител и глобален лидер за производство на медицинска опрема Storz Medical, единствен од таа класа во Македонија. Нашите Искуства кои што се резултат на стручната и научна работа на компанијата Storz Medical од Швајцарија, дадоа исклучителни резултати во третманите на нашите пациенти кои што кај нас доаѓаат на лекување не само од Скопје и околните градови, но и од градовите од внатрешноста на Македонија, Србија и Косово.
Работиме исклучиво на ниво на европски референци, по научните протоколи на Storz Medical, за што сме и обучени со официјален сертификат за работа.


ШТО СЕ СЛУЧУВА ПРИ ТЕРАПИЈА СО РАДИЈАЛЕН БРАН Shockwave Therapy?
При Shockwave третманот, звучниот бран со висок интензитет делува на ткивото. Тоа доведува до низа на корисни ефекти како, неоваскуларизациски раст, сузбивање на воспалителните процеси, стимулација на колеген, дисолуција на создадените калцификати.
ПРЕДНОСТИТЕ НА Shockwave Therapy:
  • Клинички е докажано дека стапката на успешност на третманот изнесува над 80%.
  • Shockwave терапија претставува неинвазивно решение за болки во рбетот, рамото, лактот, шаката, колкот, коленото, стопалото, повреди на мускули и тетивите.
  • Shockwave терапија представува современа технологија со научно-медицински докажани ефекти.
  • Без анестезија, без лекарства, без нус појави.
  • Широко распространета примена
  • Третманот е безбеден
  • Ја подобрува подвижноста и квалитетот на живот
  • Кратко времетраење на третманот и голем број задоволни пациенти


КОГА СЕ КОРИСТИ УДАРНИОТ БРАН Shockwave Therapy?
SWT генерално се применува за лекување и третман на субакутни и хронични патологии во мускулите и тетивите, цервикални проблеми и болки, болки во појасниот дел на грбот и третман на болни точки тригер точки (болни точки).
Индикации за примена на SWT се:
  • Болки во рбетот(вратот, цервикобрахијален синдром, болки во појасот.
  • Болки во рамото, калцификати(шилци), воспалителни процеси
  • Болки во лактот и подлактица, epikondilitis
  • Болки во колкот
  • Болки во коленото, менискус, скокачко колено, воспаленија
  • Болка во петата, шилец на петната коска(calcar calcanei), plantar fascilitis
  • Болки во стопалото, metatarsalgia
  • Болки во ахиловата тетива, bursitis, achillodynia
  • Мускулни болки и спазми како резултат на микроповреди
КОИ СЕ ПОЗИТИВНИТЕ ЕФЕКТИ ОД Shockwave Therapy?
  • Реваскуларизација, подобрување на крваната циркулација
  • Аналгетски ефект-ублажување и елиминирање на болката
  • Убрзување на процесот на рехабилитација
  • Убрзување на образувањето на колаген
  • Убрзување на метаболизмот
  • Зголемување ефектот на сврзно ткиво
  • Елиминирање, разнесување на калцификатите(шилците)
ЧЕСТО ПОСТАВУВАНИ ПРАШАЊА
Колкав е процентот на успех кај Shockwave третманот?
Научните испитувања, правени на светско ниво докажале успех на SWT третманот од околу 80-85%. Позитивните ефекти се забележуваат обично после вториот или третиот третман, од вкупно четири до пет третмани кои што се прават еднаш неделно. Многу често позитен ефект (значително намалување на болката) се чуствува и после првиот третман.
Дали третманот боли?
Понекогаш кога се работи во зоната на болка, во зависност од состојбата на проблемот, може да дојде до чуство на појачана болка или нелагодност во таа зона. Но со оглед на тоа дека третманот трае околу 5 до 10 минути и дека апаратот има можност за подесување на интензитетот, во најголем дел пациентите без проблем го поднесуваат третманот. Интензитетот на третманот се подесува според патолошката состојбата на секој пациент индивидулано и од третман во третман прогресивно се зголемува. Кај најголем дел од пациентите болката се смирува веднаш после третманот. Иако во периодот од 12 до 24 часа понекогаш се случува да се чуствува зголемена осетливост и нелагодност во третираната област и може да трае еден до два дена (процентуално се прати кај 1 од 10 пациенти).
Дали можам да имам физичка активност за време на терапијата?
Се препорачува воздржување од физичка активност во наредните 48 часа после третманот, а во периодот после тоа, намалување на интензитетот на физичката активност и тренинг за периодот додека траат терапиите со SWT.
Колку третмани се потребни и колку често се изведуваат?
Бројот на третмани, времетраењето и интензитетот на изведување третманите, се одредува според патолошката состојба на проблемот по проценка на терапевтот. Обично се изведуваат три до пет третмани, кои заедно со мануелните техники(се применуваат доколку се неопходни додатни мануални интервенции) трае околу 10-15 минути, најчесто се практикуваат 2000 до 3000 удари со растојние помеѓу третманите од 5 до 7 дена.